Зголемен прометот во индустријата

 

Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е зголемен за 9,5 проценти. Во првите пет месеци од годинава, во однос на  истиот период лани прометот во индустријата бележи пораст од од 9,9 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај споредено со април годинава статистика евидентира пораст на прометот во индустријата за 0,9 проценти.На домашниот пазар прометот во индустријата во мај годинава споредено со мај лани бележи пораст за 3,6 проценти, а на странски пазари од 11,8 процент, додека по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во мај оваа година во однос на мај лани бележи опаѓање од 28,4 проценти, а во преработувачката индустрија пораст од 12 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот  бележи пораст кај капиталните производи за 32,9 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 проценти, а опаѓање кај енергија за 97,5 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 проценти, покажуваат податоците на Статистика.

16.07.2014 - 09:36
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега