Убиен Србин бидејќи сакал да се ожени со Хрватица
Љубовна трагедија ја потресе Германија откако 23-годишниот Србин Мирко Миленковиќ е убиен бидејќи сакал да се ожени со Хрватка.
Убиството го извршил братот на неговата свршеница 19-годишната Даниеле, Доминик.С по потекло од Хрватска.
Минатиот викенд убиенот Мирко во Франкфурт со својот живот ја платил љубовта кон Даниеле. С, млада хрватска со која планирал да се ожени, пренесуваат германските медиуми.
Без никаков повод, освен национална омрза, Мирко бил избоден до смрт пред куќата на неговата девојка од страна на нејзиниот малолетен брат, пишува Ало.рс.
Веднаш по злосторството убиецот е приведен и сместен во затвор за малолетници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа