Бродската компанија „Маерск Лајн“ влегува во Македонија

 

Депо на светски познатата бродска компанија „Маерск Лајн“ (Maersk Line) од 1 јули официјално е пуштено во употреба  во Македонија.

Работењето на Депото во Скопје и во Гевгелија го организира компанијата „Навико шипинг“ која работи во рамки на фирмата „Блу Бел“ од Скопје, специјализирана за бродско-контењерски превоз на стоки од и за Македонија.

Со оваа новина во бродскиот и контењерскиот транспорт се овозможува чување и преземање на контењери, достапност на опрема за товар и растовар, можност за брзо реализирање на увозот и извозот и значително намалување на финансиските трошоци на фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки. Воедно, Македонија станува дел од ланецот „Маерск Лајн“. 

16.07.2014 - 10:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега