Трагедија: 16 годишни деца си играле со ловџиска пушка - Александар е застрелан
Момче на возраст од 16 години е убиено во трагична несреќа која вчера вечерта се случила во близина на Шабац, Србија. Како што јавуваат српските медиуми, до несреќата дошло кога двајцата другари ја нашле пушката на таткото на едно од децата. Играта со нма прераснала во трагедија. 16 годишниот Александар Анѓелковиќ добил прострелна рана од која починал. Полицијата го сомничи неговиот најдобар другар.
Тој е изведен пред надлежен судија по што се очекува кривична пријава.
16.07.2014 - 10:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа