Како да направите вкусни ишлери?

 

Ако сте зависник од благо, а посебно ви се допаѓаат ишлерите, може да ги приготвите во домашна атмосфера и да уживате во нивниот неверојатен вкус.

 

Потребни состојки

За тесто:

140 гр путер

200 гр брашно

70 гр шеќер во прав

1 жолчка

3 лажици какао

За крем

3 јајца

150 гр шеќер

100 гр путер

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка

Го замесувате тестото со брашно, шеќер, какао и жолчка. Истегнете кора и со помош на калап направете мали крукчиња. Наредете ги во плех, претходно посипен со брашно и оставете да се печат 15 минути на 180 степени.

Во меѓувреме во метален сад заматете ги јајцата, шеќерот и ванилата сè додека не добиете кремаста, еднолична смеса. Варете го кремот околу 15 минути сè додека не стане густ. Кога малку ќе се излади додајте го претходно стопениот путер и мешајте додека кремот убаво се излади.

Колачите премачкајте ги со крем и спојте ги како сендвич. Наредете ги врз решетка и полијте ги со чоколадна глазура.

 

Одличнен десерт кој нема да ви одземе повеќе од 1 час за подготовка. Може да го комбинирте со чаша вино или турско кафе во друштво на пријателите или семејството.

16.07.2014 - 12:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега