Ќе гори во пеколот: Со години силувал девојка-инвалид

 

Триесет и четири годишен Србин е уапсен под сомневање дека повеќепати силувал неподвижна девојка и ја приморувал да питачи.

Злосторството се случувало во Бари, Италија каде што Србинот моментално живее и работи.

- Девојката во саботата седела во инвалидска количка и просела. Откако покрај неа поминале полицајци таа почнала да вика, па им раскажала на полицајците дека нејзиниот партнер ја терал да проси со часови, заканувајќи и се дека ќе ја убие и ќе го повреди нејзиното семејство, пренесува српски Телеграф.

Девојката е префрлена во болница, при што било утврдено дека била силувана ноќта пред да собере храброст и да им раскаже се на полицијата. 

16.07.2014 - 13:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега