Ако СДСМ е Бразил, тогаш ВМРО ДПМНЕ е Германија

 

 

Политичката реалност во Македонија е многу слична на епскиот пораз на Бразил од Германија во полуфиналето на светското првенство во фудбал 2014 кое се одржува токму во Бразил.
Бразил е домаќин, а Германија е гостин. Бразилците се „полни со себе“, „најдобри се“ и „другите нема што да бараат“. Од друга страна Германија е пресметлива, добро организирана, знае што сака и нема проблем да биде сурова.
Бразилците имаат најслаба репрезентација од кога се памти, но сепак се сметаат за најголеми фаворити. Двајцата најдобри не играат кој заради повреда, кој заради казна, но сепак се надеваат во победа, пошто нели се најдобри.
Кога примија гол во 10-та минута се зашеметија малку, ама тргнаа напред очекувајќи дека еве сега голот сам по себе ќе дојде.
Но откога примија втор гол помислија готово е, нема полошо. Германците безмилосно им дадоа уште 3 гола во следните неколку минути.
Со неверување отдоа на одмор. Во второ полувреме нападнаа небаре еве сега ќе победат. Ама играчите кои примија 5 гола не може да направат пресврт.
И кога сите помислија дека 0:5 е многу, Германците им дадоа уште два, онака, за секој случај.
Кога ја гледав утакмицата веднаш помислив на политичката ситуација во Македонија. СДСМ прими гол 1998 и мислеа дека еве после ова ќе ги растурат. За воља на вистината СДСМ успеа да израмни.
После вториот примен гол во 2006 ВМРО ДПМНЕ како што би рекол Златко Калински, „како на филмска лента“ даде уште неколку голови на СДСМ.
СДСМ со иста тактика и со истите играчи безуспешно се обидуваше да направи нешто различно. Ама залудно, ВМРО ДПМНЕ целосно владее со теренот. Дури и судиите кои беа наклонети кон СДСМ станаа неутрални бидејќи апла е поразот.
Некој ќе рече дека ВМРО игра прљаво. А нели политиката е најпрљавата игра?
Секоја чест на селекторот Сколари, им донел титула, ама сега неговата игра е демоде. Симулирање, плачење и чекање некој судија да досуди изглумен пенал и така да се победи. Така не може ниту во втора општинска лига, а не па на светско првенство.
И сега како понатаму? Овие играчи на Бразил не ги бива. Имаат еден Нејмар и уште неколку просечни и толку. Треба нова генерација играчи, нов тренер и комплетна нова игра. За тоа треба време.
 
Целиот пост прочитајте го на блогот на 

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на [email protected]

16.07.2014 - 23:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега