Србија нема да банкротира, ако постигне договор со ММФ
Српскиот министер за економија Душан Вујовиќ изјави денеска дека земјата нема да банкротира, доколку ги спроведе објавените мерки и доколку во септември земјата склучи тригодишна спогодба со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
- Спогодбата со ММФ ќе ни помогне да го намалиме буџетскиот дефицит, да го одржиме државниот долг во нормални рамки и да се претвориме со атрактивна дестинација за странски инвестиции, истакна Вујовиќ.
Тој изјави дека ревизијата на буџетот, која се очекува кон крајот на септември ќе ги покаже сите клучни елементи на економската програма, која ќе биде основа на преговорите со ММФ.
Министерот истакна дека тежината на реформите не може да ја понесе само еден слој од општеството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа