ФОТО: Кој е новиот клуб на Балотели - еве што открива девојка му Фани!
Марио Балотели и неговата девојка Фани се наоѓаат во Њујорк каде уживаат во одморот по Светското првенство во фудбал.
Пред почетокот на Мундијалот, се шпекулираше дека Балотели во новата сезона ќе биде дел од Арсенал, но по слабите настапи на СП каде Италија беше елиминира во групната фаза, а Балотели постигна само еден гол, Арсен Венгер како да се „олади“ за него.
Шпекулациите околу неговиот трансфер во Арсенал стивнаа и откако „Топџиите“ потпишаа договор со Алексис Санчез.
Но, по шопингот на Балотели и Фани се чини дека сепак има надеж за Супер Марио. Дали фотографијата која Фани ја постави на Инстаграм открива дека тој ќе биде дел од Арсенал останува да видиме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа