Што ќе донесат финансиските зони?

 

Македонија ќе се најде на меѓународната финансиска мапа, ќе има зголемен прилив на даноци во буџетот, но и нови работи места. Според експертите ова се само дел од придобивките од одлуката на Владата за формирање на слободна финансиска зона. Како што јавува Лидер, слободните финансиски зони не се нешто ново или нешто непознато. Тие функционираат во голем број земји, како Германија, Америка, Швајцарија, Данска, Луксембург, Италија и даваат солидни резултати во поглед на привлекување на странски капитал и реализирање на нивни трансакции на кои што се плаќа повластена даночна стапка и има позитивно влијание врз националните буџети.

Универзитетскиот професор Томе Неновски за Лидер вели дека со слободните финансиски зони Македонија го проширува своето членство во меѓународната карта на финансиски организациии , воопшто на меѓународната финансиска карта. 

- Привлекувањето на странски и домашни инвестиции ќе биде засилено, а многу е важно зголемувањето на приливот на даноци во Централниот Буџет – тоа се економските ефекти. Имаме и социјални ефекти кои во моментов може да ги оцениме како најважни од аспект на отварањето на слободни финансиски зони, а тоа е зголемување на вработеноста во тие зони. Ќе се отворат можност за вработување на сметководители, на правници, економисти , адвокатите, а ќе има доста работа и за финансиски менаџери. Ќе имаме позитивно влијание влијание врз образовната структура , техничко технолошки придобивки во поглед на воведување нова технологија. Значи севкупно ќе имаме мултипликативен ефект“, вели Неновски.

И премиерот Груевски пред два дена изјави дека регулативата од најдобрите економии целосно ќе се примени и кај нас и затоа не треба да се стравува од некакви негативни страни.

18.07.2014 - 10:21
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега