Изрешетан познат доктор- купил стан па платил со живот

 

45- годишниот доктор Сафет Скендер е убиен синоќа во Нови Пазар во повеќе истрели од огнено оружје.

Според полициски извори тој е убиен на влезот од станбената зграда во Митровичката улица, а осомничениот е веднаш уапсен.

Како што велат станарите на зградата се слушнале неколку истрели и убиениот го препознале, тоа бил лекар специјалист од новопазарската болница. Тој на хируршкото одделение е донесен без знаци на живот.

 

 

Неофицијални извори наведуваат дека на С.С. пукал “постар човек од околу 80 години“ од кога С.С. го купил станот, а кобната вечер дошол да се распраша кога претходниот газда ќе се исели од него.

18.07.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега