Дел Боске останува во Шпанија

 

63- годишниот Висенте Дел Боске одлучи да остане на селекторското место и покрај  дебаклот на шпанската репрезентација на неодамна завршеното Светско првенство.

Дел Боске ја доби довербата од раководството на Шпанскиот фудбалски сојуз и тој ќе ја предводи „црвената фурија“ во квалификациите за Европското првенство 2016.

 

- Продолжуваме понатаму со напорна работа која ја ценат во сојузот. Ќе има мали промени, но немојте да очекувате револуција. Способни сме да се вратиме на победнички колосек. Ќе се обидеме да ја одбраниме титулата на ЕП 2016, изјави Дел Боске по соопштување на одлуката за продолжување на работата како селектор на Шпанија.

 

Имено Дел Боске на клупата на шпанската репрезентација е од 2008 година.

18.07.2014 - 12:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега