Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот- Крос пресреќен за неговиот трансфер во шпанскиот клуб

 

Тони Крос- германскиот фудбалски репрезентативец, официјално се пресели во редовите на европскиот шампион Реал Мадрид.

 

Фудбалерот кој настапуваше за Баерн Минхен е среќен што ќе биде член на славниот шпански состав.

 

- „Горд сум што дојдов во Реал и желба ми е да се заблагодарам за оваа можност. За мене ова е вистинскиот потег, бидејќи целта во Реал е освојување титули“, вели Корс.

„Ќе се обидам да ја оправдам довербата од тимот. Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот“, додава освојувачот на светската титула со Германија во Бразил.

Фудбалерот од средниот ред вреден 30 милиони евра заслужи добредојде од тренерите, Анчелоти и колегата Јеро, како и пофалби од првиот човек на составот на мадриѓаните, Перез.

„Ова е среќа за нашиот тим, бидејќи дојде одличен фудбалер. Крос беше меѓу најдобрите и најквалитетни фудбалери на Мундијалот“, нагласи Перез.

 

„Добредојде во Мадрид. Ти благодариме што си дел од нашиот тим. Со тебе ќе бидеме и подобри“, заклучи предводникот на амбициозниот состав од „Сантијаго Бернабе“.

18.07.2014 - 13:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега