Ќе се гради нов пат од Билјанини извори до Пештани

 

Во завршна фаза е изработката на проектот за изградба на пат од Билјанини извори до селото Пештани, а по негова изградба ќе се работи и на проект од Пештани до Свети Наум. За ова денеска информираше директорот нa Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски, кој појасни дека се работи за 13 до 15  километри пат.

- Станува збор за нов проект, нова траса, не на постоечката. Реализацијата очекуваме да почне некаде 2015/2016 година. Во овој момент се изработува проектот, потоа следува ревизија. Работиме и на експропријацијата, односно обесштетување на граѓаните, кои имаат имот на таа траса, и веднаш потоа почнуваме со градба, изјави Георгиевски.

Директорот на ЈП за државни патишта истакна и дека се предвидени неколку клучки, што ќе ги поврзуваат населените места. 

18.07.2014 - 15:50
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега