Хасани: Можев да играм за Албанија но Македонија е мојот дом и од срце играм за неа
Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани од денеска со нашата селекција се подготвува за двете престојни пријателски средби против Шведска во Малме и против Норвешка во Осло.
Непосредно пред пристигнувањето во Скопје, Хасани за германскиот „Stern“ даде интервју во кое во голема мера ја пренесе реалната слика која владее во македонскиот фудбал, начинот на кој кај нас мачно, а изненадувачки за Германците се станува фудбалер, но и нагласи дека секогаш од срце игра за Македонија и покрај тоа што имал понуда да настапува за Албанија, која ја одбил.
- Во репрезентацијата не ни е важно она што се случува во политиката. Секој репрезентативец добива повик врз основа на сопствените квалитети, а не по етничка припадност. Ако сакав јас можев да играм за Албанија… Но, Македонија е мојот дом и затоа играм за Македонија. Но, исто така ние Албанците сме навредувани некогаш од македонските навивачи. Тоа не ми е сеедно, затоа што Македонија е мојот дом и јас играм од срце за оваа земјa“– вели меѓу другото 22-годишниот Хасани во интервјуто за германски „Stern“, кое го пренесува порталот Екипа