Улицата кај „Рекорд“ отворена за сообраќај

Улицата кај „Рекорд“ која се реконструираше од 3-ти јули повторно се отвора за сообраќај. Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на коловозната лента во должина од 200 метри, на потегот од Тетарот за деца до автобуската постојка спроти поранешен „Рекорд“.

Ова беше едно од четирите најоштетени автобуски стојалишта во Скопје. Инвестицијата за оваа реконструкција изнесуваше четири милиони денари, а градежните активности ги изведе ГП „Бетон“.

21.07.2014 - 12:16
Фото: 
Скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега