Рецепт: Цезар салата
Во последно време Цезар салатата е една од најпопуларните салати во светот. Ние ќе ви помогнеме како да направите вака салата дома...
Состојки:
1 глава марула
исецкани домат и краставица
500 г. печено пилешко
4 парчиња леб
4 лажици маслиново масло
Потоа:
1 лажица сенф
1 лажица оцет
2 лажици мајонез
кромид (по желба)
1/2 чаши маслиново масло
сол
бибер
сок од лимон
Подготовка
Салатата исчистете ја и исецкајте во голем сад. Додадете ги исечканиот домат и краставица, како и пилешкото, претходно исецкано на коцки. Тенко исечете го кромидот и ставете го во салатата. Лебот исто исечете го на коцки и запржете го на маслиново масло, па додадете го во салатата. Сите состојки од делот „Потоа“ измиксајте ги во блендер. Посипете ги по салатата и добро измешајте.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа