Еве кои се топ пет најголеми увозници и извозници во Македонија
Најголеми пет извозници во Македонија се Џонсон Мети, Фени Индустри, Југохром Фероалојс, Саса и Бучим. Додека пак најголеми пет увозници се Џонсон Мети кој увезува автомобилски делови, нафтените компании Окта и Лукоил, ЕФТ Македонија кој тргува со струја и ЕЛЕМ. Според ова, странските инвеститори го билдаат извозот, а енергетската зависност на државата го билда увозот.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2013 година, изнесува 4 266 861 илјади САД долари, а на увозот 6. 599, 824 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64.7%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2013 година, изнесува .2 332, 963 илјади САД долари, пренесе Курир.
Во периодот јануари-декември 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (72.6%) и земјите од Западен Балкан (17.6%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (62.6%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.6%). Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (50.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа