Активните мерки ја намалија невработеноста во Македонија
Мерки за самовработување, субвенционирано вработување, кредити за компании кои ќе отворат нови работни места за млади луѓе, обука кај познат работодавец. Активните мерки за вработување даваат резултати, пишува Лидер.
„Од 2007-та до денес, над 64 илјади граѓани ги посетиле мерките кои се реализираат преку Агенцијата за вработување, било да се работи за обука кај познат работодавец, за добивање грант, за кретитирање или субвенционирање. Постигнавме околу 34 илјади вработувања, а во овој момент се вработени над 24 илјади граѓани. Тоа е висок процент на вработувања. Годишно, од четири до пет илјади граѓани кои учествувале во нашиот оперативен план за активни мерки и програми, остануваат на работа и работат за себе и за своето семејство“ – објаснува директорот на АВРМ, Влатко Поповски за Лидер.
Евидентираните невработени добиваат нова можност. Можат да се здружат во групи од тројца, четворица или петмина, да достават бизнис – план, и да добијат пари од државата за почнување на сопствен бизнис, со атрактивна каматна стапка од 1 процент и со една година грејс период.
„Доколку се организираат и започнат бизнис, лица коишто во моментот се невработени, а биле корисници на надомест по основ на технолошки вишок или ликвидација, тогаш добиваат и дополнителна стимулација од 1.000 евра по човек. За дејности од помал обем, ако општите услови налагаат тие да добијат 9.000 евра, доколку се сите стечајци или технолошки вишок, ќе може да добијат 12.000 евра, а за дејности од поголем обем наместо 17.000 евра, може да добијат 22.000 евра“, вели потпаролот на Владата, Александар Ѓеоргиев.
Според последните податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност се спушти на 28,4 проценти, на историски најниско ниво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа