Интернет курсеви за земјоделско претприемништво
Федерацијата на фармери на Република Македонија денеска во Струмица организира работилница за имплементација на курсеви за земјоделско претприемништво преку Интернет.
Курсевите се спроведуваат во рамките на проектот АГРО-СТАРТ (Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија во сточарското и растителното производство)чија цел е преку иновативни прстапи да го поттикне развојот на земјоделското претприемништво.
ФФРМ е една од 12 организации кои се дел од проектот АГРО-СТАРТ што се спроведува во Македонија, Бугарија, Албанија, Романија, Грција, Словенија и Италија.
22.07.2014 - 09:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа