Личниот лекар на маршалот тврди: Тито не беше Јосип Броз

 

Личниот лекар на Јосип Броз Тито, Александар матуновиќ  си ја отвори душата и раскажа некои детали од животот на Маршалот. Тој го лекувал маршалот од 1975 година до 1979 година, а години подоцна напишал „најдениот извештај оди во прилог на сомневањата дека Тито не е Јосип Фрањо Броз од Кумровец, туку дека зад тоа име се крие друга личност“.

Докторот напишал:

Тито имаше мала акт чанта. Ми се чини од змиска кожа. Секогаш ја носеше со себе. Содржината на торбичката, освен со клуч беше осигурана и со мало катанче. Во два наврати, влегувајќи во неговата просторија го затекнав како претура по торбичката. Двата пати беше завртен со грб кон вратата, а торбичката му беше во скут. Кога ќе влезев брзо ја затвораше. Делуваше како човек фатен во недозволена работа. По тоа знаев дека во торбичката се наоѓаат значајни работи. По неговата смрт се распрашував кај членовите на комисијата за средување на оставнината што ја најдоа во торбичката. Еден од членовите на комисијата Звонко Костиќ рече дека освен златен накит била најдена и посмртницата на Даворјанка Зденка Пауновиќ од 1 мај 1945 година, извод од матичната книга на венчани со Јованка Будисављевиќ од 1952 година и слика од Русинката Пелагија Белусова, првата сопруга на Тито.

Таму била и копијата од извештајот на австроунгарското министерство за војна од есента 1915 година во кој се наоѓал список на австриски офицери, подофицери и војници кои загинале за време на битката во Галиција. Во списокот се наоѓало и името на капларот Јосип Фрањо Броз, пренесува Дневно.хр. Најдениот извештај оди во прилог на сомневањата дека Тито не е Јосип Фрањо Броз од Кумровец и дека зад тоа име се крие друга личност.

22.07.2014 - 11:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега