Етнос: Грчката администрација со фалсификувани документи
Грчките власти откриле фабрика за фалсификувани документи, пишува весникот „Етнос“.
Тоа се случило за време на проверки, извршени од инспекторите во државната администрација во Грција, кои откриле фалсификувани документи, поконкретно дипломи од факултети и гимназија. Тие се пронајдени во досиејата на државните службеници, пренесе МИА.
Според проверените досиеја на 5.000 државни службеници, откриени се 316 фалсификувани документи. Над 70 отсто од нив претставувале фалсификувани дипломи од факултети и гимназии.
Тоа, според властите, значи дека повеќето чиновници биле назначувани со фалсификувани документи во државната администрација и општините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа