Вработете се и без работно искуство - плата 18.000 денари

 
 
НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА
Археолошки музеј на Македонија - Скопје ул. Кеј Димитар Влахов бр. бб, поштенски фах 125, Скопје

Врз основа на член22 став (1) точка 1 и став (3) и членот 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија, бр.54/2013 - Пречистен текст), Националната Установа „Археолошки музеј на Македонија - Скопје, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на неопределено време

Национапната Установа „Археолошки музеј на Македонија - Скопје, распишува Јавен Оглас за засновање на работен однос на неопределено време за 1 -извршител, за следното работно место:

1. Графички дизајнер - 1 (еден) извршител.

Кандидатите, покрај општите услови, утврдени со Законот за работни односи, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во Правилникот за организација и систематизација на работните места на НУ Археолошки музеј на Македонија-Скопје, и тоа:
1. 3а работното место под реден број 1, Графички дизајнер, потребно е: VII /1 степен стручна подготовка на Факултет за Ликовни уметности или Факултет за Арт и Дизајн, со или без работно искуство, работа со компјутер, активно познавање на најмалку еден од светските јазици. 

Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
- Пријава за јавниот оглас;
- Кратка биографија(СУ);
- Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или диплома заверена на нотар;
- Доказ за работно искуство(само доколку има работно искуство);
- Доказ за познавање на странски јазик;
- Уверение за државјанство;
- Доказ за познавање на работа со компјутери.

Дневно работно време е 8 работни часа од 08:30 до 16:30 или во смени. Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок. Основна нетоп плата: 18.300 денари, коефициент на работното место: 2,2

Јавниот оглас трае пет (5) работни дена од денот на објавувањето во дневниот печат. Пријавите со потребната документација е потребно да се достават во затворен плик со назнака „За Јавен оглас“ до Националната Установа „Археолошки музеј на Македонија - Скопје преку пошта на адреса „Кеј Димитар Влахов бб, поштенски фах 125, Скопје или во Архивата на Националната установа ,Археолошки музеј на Македонија – Скопје

Во рок од 8 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидати, ќе биде извршен избор.

Некомплетна и ненавремена документација нема да биде предмет на разгледување при изборот на кандидатите. За резултати од конкурсот, кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.
Национална Установа Археолошки музеј на Македонија - Скопје
ул. Кеј Димитар Влахов бб, поштенски фах 125,Скопје  

Краен рок за пријавување: 24.07.2014
22.07.2014 - 14:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега