Со новите законски измени до дополнителна заштита на работниците во Македонија

 

На денешната седница на Влада беа усвоени две законски измени кои се однесуваат на правата на работниците во Република Македонија. Со нив се предвидува работниците да можат да го продолжат работниот однос по навршување на старосната граница од 64 односно 62 години, за максимум три години. 

-Согласно Законот за работни односи и досега постоеше таква можност, работниците да продолжат со работа уште една година, но со дозвола од работодавачот. Сега наместо да се пензионираат на 62 односно 64 години, мажите ќе имаат можност да работат до 67, а жените до 65 години без согласност од нивниот работодавач, односно ако самите изразат желба, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Сите заинтересирани кои сакаат да го продолжат работниот стаж по навршување на старосната граница ќе треба најдоцна до 31 август годинава да се изјаснат дали сакаат да го сторат тоа, а работодавачот ќе има обврска да им го продолжи работниот однос бидејќи за истото се предвидува казна од 2.000 до 3.000 евра.

Втората законска измена донесена на денешната владина седница предвидува работниците кои работат со договор на дело или авторски договор да добиваат здравствено и пензиско осигурување.

-Досега работодавачите на овие категории на работници им плаќаа само персонален данок без здравствено и пензиско осигурување. Отсега па натаму, по усвојување на Законот во Собранието, работодавачите ќе имаат обврска да им плаќаат здравствено и пензиско осигурување или истите да ги пријават, истакна Ставрески кој додаде дека овие законски измени се однесуваат само за оние работници кои преку договор на дело или авторски договор земале плата над минималната.

22.07.2014 - 16:15
Фото: 
А1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега