Владата реши: Мажите доброволно во пензија на 67 години - жените на 65
Доброволно продолжување на работниот стаж за една две или најмногу три години. На денешната владина седница донесени две мерки кои значително ќе ги зголемат работничките права. Од сега изборот на старосна пензија зависи само од работникот или мажите ќе може да си го продолжат работниот век до 67 а жените до 65 години. Работодавачот кој нема да ја почитува одлуката на работникот ќе плати од 2 до 3 илјади евра казна.
Со втората мерка се поттикнува редовното вработување. Од сега сите што се ангажирани преку авторски договор со плата над минималната, наместо само персоналец ќе им биде подмирено и пензиско и здравствено осигурување.
Мерките според Ставревски ќе придонесат кон приближување на Европските искуства. Тоа позитивно ќе се оддрази и врз невработеноста во државава која во континуитет се намалува.
Работниците што ќе сакаат да го продолжат работниот век ќе мора да се изјаснат една година претходно, најкасно до 31 август.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа