Неверојатни ниски цени на куќите и до 4000 евра

 

Напуштени семејни куќи со покуќнина, во српските села се нудат на продажба по багателни цени, но купувачите никаде ги нема. Во местата околу Бач има над стотина празни куќи кои се нудат на продажба, од четири до седум - осум илјади евра. 

Многу од нив се веќе запуштени, но има и сосема онакви со солиден изглед, со електрична, водоводна, инсталација, телефонски приклучок, просторни дворишта, и покуќнина, со еден збор веднаш вселиви. Но купувачи никаде нема или се сосема ретки. 

„Според последниот попис, во Равно Село имало нешто повеќе од 1000 домаќинства, но во моментов ги има околу стотина празни домови, кои и покрај тоа што се нудат за мали пари, никој не ги сака. Мештаните немаат никаква можност во овој регион да се вработат, селото речиси да станало слепа улица на работ од општината Врбас и Бачки Петровец“, вели секретарот од Месната заедница Равно Село Александар Станојевиќ, наведувајќи дека овде пристојна куќа може да се купи и по цена на еден половен странски автомобил.

 

23.07.2014 - 17:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега