Филе: Ќе го поддржиме предлогот на Романија ако на самитот ги има сите претставници од регионот

 

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе не сакаше да го коментира откажувањето на Самитот на земјите од ПСИЈЕ.

- Не би сакал да коментирам дали идејата е добра или лоша. Со оглед на информациите кои земји беа подготвени да дојдат, и немаше многу опции. За мене беше важно да се обезбеди министерсткиот состанок да биде инклузивен, а организаторите успеаја во тоа, изјави Филе одговарајќи на новинарско прашање денеска во Охрид.

 

 

- Најважно за мене е инклузивноста на состанокот. Тоа што сите седиме на иста маса вклучувајќи го и Косово како специјален гостин, додаде Филе.

 

Прашан за предлогот утре во Романија да се одржи самитот на Претседатели на ПСЈИЕ, еврокомесарот ја повтори инклузивноста.

- Ако се одржува каков и да е вид на самит кој е инклузивен, на кој ги има сите претставници од регионот, ние ќе го поддржиме. Би го поздравиле доколку Романија донесе инклузивност, рече Филе.

ФОТО: Дневник

најчитано сега