Летаа казни за несовесни возачи - еве што се случувало на улиците низ Скопје

На подрачјето на Град Скопје во текот на вчерашниот ден е извршен увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со телесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило.

Во 12 часот и 45 минути на крстосницата од улиците „Франк Рузвелт“, „Дрезденска“ и „Владимир Полежиновски“ „фолксваген џета“ со национална ознака на Република Бугарија, управувано од граѓанин на Република Бугарија и мотоцикл со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје се судриле, при што со повреди се здобил мотоциклистот.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, пет возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола, седум возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 30 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото и на истите покрај издадената покана за наплата на глоба, издадена им е и покана за присуство на сообраќајна пука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 45 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. Во рамките на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира сообраќајна поука. Истата ќе се одржи во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба со почеток во 19 часот, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои во својство на возачи сториле прекршоци по разни основи.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

24.07.2014 - 10:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега