Вкусни ќофтиња од тиквици
Подгответе вкусни ќофтиња од тиквички...
Состојки:
- 1 тиквичка
- 1 јајце
- 1 пециво
- 5-6 лажици брашно
- ½ лажиче ракија
- Сол
- Бибер
- Магдонос
- Сусам
- Лен
- Семе од коприва
- масло за пржење
Подготовка:
Се ренда тиквицата на крупната страна од рендето. Не се цеди од водата. Се додаваат јајцето, брашното, пецивото, ракијата и зачини по ваш избор.
Убаво се промешува смесата да се соедини.
Се става маслото да се загрее и со лажичка се ставаат крофнички да се пржат. Се пржат на тивок оган.
Кога ќе заруменат од 2 страни се редат на хартија да ја впие маснотијата.
24.07.2014 - 14:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа