Министерката за надворешни работи на Италија во официјална посета на Македонија

Министерката за надворешни работи на Република Италија, Федерика Могерини, утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

На агендата на Могерини се средби со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Главна тема на разговорите се очекува да биде процесот на проширување на Европската унија како еден од главните приоритети на тековното италијанско претседателство, во контекст на поддршката на Италијанската Република за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ.

Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатени можностите за продлабочување на економските односи, како и билатералната соработка во останатите сегменти на општественото живеење. 

За време на посетата предвидено е и потпишување на билатералниот договор меѓу  Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност. 

24.07.2014 - 15:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега