Парична помош од општина Кисела Вода за 41 новороденче

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска додели 41 ваучер на семејства со принова. Со тоа бројот на родители кои досега добија еднократна парична помош од општината достигна 577.

- Се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6000 денари која денеска ја доделуваме за 41. новороденче, од кои 24 се машки, а 17 женски, ќе ви излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Воедно, би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на мојот мандат, агласи Беличанец-Алексиќ.

Критериумите кои се потребни за добивање на еднократна парична помош на семејствата со принова се: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

25.07.2014 - 12:36
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега