Ја изрешетал сопругата со 15 куршуми - двојно убиство и самоубиство
Албанската јавност повторно згрозена од криминал во семејство, јави дописникот на МИА од Тирана.
Доцна синоќа во куќа во близина на селото Бобоштица, кај Корча, се случи двојно убиство и самоубиство. Потврдено е дека 50-годишниот Едмонд Фиќи со 15 истрели од автоматска пушка ги усмртил 10 години помладата сопруга Албина и едногодишниот син, додека спиеле, по што пред влезната врата на куќата си пресудил самиот.Едмонд, кој четири години живеел и работел во Грција и воошто не дошол дома, деновиве се вратил и сопругата ја затекнал со дете, по што почнале меѓусебните расправии, кои завршиле со масакрот извршен синоќа.
Во вторникот во селото Сук кај Фиер седумдесет и три годишниот Бајрам Врапи со ловечка пушка ги усмрти неговите двајца браќа Џемаил (69) и Бесим (60) сопругата и ќерката на Бесим, Дрита (43) и Мируше Врапи (17), а потоа се самоубил, бидејќи не се согласувал со избраникот на внуката која требало да се сврши трагичниот ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа