Сообраќајот ќе се поремети, автобусите пренасочени - еве каде нема да се вози

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела во периодот од 8 до 15 часот екипи на општината Гази Баба ќе изведуваат градежни активности – реконструкција на железничкиот премин на улицата Перо Наков.

 Поради тоа, на оваа делница сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено поставениот режим.

 

 Автобусите на автобуската линија со број 23 ќе бидат пренасочени, и тоа од Маџари кон Центар ќе сообраќаат по улицата Благоја Стефковски, булеварот Александар Македонски и булеварот Киро Глигоров и обратно по истата траса, при што ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

 Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот режим на сообраќај.

25.07.2014 - 15:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега