Сообрќајот се поремети, автобусите пренасочени - еве каде не се вози

 

Екипи на општина Гази Баба утре од 8 до 15 часот ќе изведуваат градежни активности, реконструкција на железничкиот премин на улицата „Перо Наков“. Поради тоа, на оваа делница ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Автобусите со број 23 ќе бидат пренасочени и ќе сообраќаат по улицата „Благоја Стефковски“, булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Киро Глигоров“ во двете насоки при што ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

 

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

26.07.2014 - 10:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега