Лепа Брена денеска ќе биде оперирана
Најголемата балканска музичка ѕвезда, Лепа Брена, вчера доживеа страотна несреќа откако се лизнала и паднала по што ги скршила двете раце, по појадокот со сопругот. Дивата ја скршила десната рака и лакотот на левата рака, поради што и двете и се во гипс.
Таа се чуствува добро, семејството е постојано со неа, а денеска ќе биде подложена и на хируршка интервенција.
Од болницата молат за приватност и велат дека кога Лепа Брена ќе собере сила сама ќе се обрати на јавноста.
26.07.2014 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа