Откорнати дрвја, блокирани патишта, мали пожари - невремето направи хаос во Куманово

Невреме со силен ветер, грмежи и врнежи попладнево го зафати Куманово. Оштетен е најмалку еден автомобил во централното градско подрачје.

- Силниот ветер откорнал дрво кое паднало врз автомобил лоциран на улицата „Моша Пијаде“. Врз дрвото има и електрични кабли, скинати од силината на ветерот, соопштија од подрачната единица на Регионалниот центар за управување со кризи.

 

 

Од подрачната единица на  Регионалниот центар за управување со кризи соопштија дека во општина Старо Нагоричане, на локалниот пат кој води од село Војник кон викендиците има откорнато неколку дрвја, багреми во должина од околу 500 метри. Патот е блокиран. За причинетите штети од невремето, аларамирани се локалната власт, ЕВН и други надлежни институции.

 

Градоначалникот на општина Старо Нагоричане Милован Стојковски е на терен и потврди дека има неколку оштетувања на далноводи и паднати стебла, тополи во близина на село Драгоманце, но и паднати дрвја на неколку други  локации.

 

 

Силниот ветер предизивикал штети на електрични кабли на неколку локации во Куманово, по што дошло до мали пожари кои веднаш биле локализирани. Од територијалната противпожарна единица во Куманово информираат дека интервенирале на неколку локации каде по кинење на каблите, поради силниот ветер, дошло до краток електричен спој, при што горела сува трева на незначајна површина. Вакви мини пожари, поради иста причина се случиле на неколку локации, во близина на Средното училиште во Долно Којнаре, во населбата Иго Тричковиќ на улицата „Б.Б Гуцман“ и на улицата „Индустриска“.

 

 

- Првата интервенира на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, каде се чистат наноси и одрони, а втората екипа работи на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, каде се расчистуваат паднати гранки, рече раководителот на кумановската секција на ова јавно претпријатие Тихомир Ангеловски.

 

Поради невремето без електрична енергија се жителите на Доброшане.

27.07.2014 - 22:00
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега