Лепа Брена трпи ужасни болки

 

Балканската дива Лепа Брена пред два дена беше успешно оперирана откако си ги скрши двете раце додека уживаше на својот одмор во Хрватска. Пејачката имала ужасни болки по операцијата, а за целото време со неа било нејзиното семејство.

Како што дознава Ало.рс, лекарите велат дека Брена ќе се опорави по операцијата. Слабо спиела и имала ужасни болки, но велат дека ситуацијата се подобрува. Пејачката слабо се движи, постојано лежи и се одмара во кревет, велат за Ало извори од болницата.

Боба е постојано со Лепа Брена во тешките мигови.

28.07.2014 - 12:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега