ФОТО: Цело маало трага по 15-годишната Тијана - пронајдени нејзината патика и еден нокт

 

Пред два дена исчезна 15-годишната Тијана Јуриќ во близина на Бајмок, погранично место во близина на српско-унгарската граница. Полицијата која деноноќно трага по девојчето пронашла само патики и нокт од неа.

Жителите на Бајмок до денеска се сеќаваат на трагедијата од 2010 година, кога исчезна 16-годишната Милица Барашанин, а која беше сурово убиена.

Нејзиниот убиец се уште не е пронајден, што дополнително фрла мрачна сенка врз случајот на Тијана.

Едно момче, пријател на Тијана, за српски Курир вели дека ја пронашле патиката на Тијана, покрај која имало и нокт.

Локалните жители панично трагаат по девојчето.

28.07.2014 - 15:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега