"Каде одиш сине, што ќе правам без тебе" - погребани момчињата кои се удавија во Дунав

 

Србија е завиена во болка и тага. Два ковчега, двајца најверни другари кои целиот живот биле неразделни, беа заедно испратени и во вечното живеалиште. Се работи за 18-годишниот Милош Бешевиќ и неговиот врсник Бојан Јовановиќ кои пред два дена во 13 часот се удавија во Дунав. 

Повеќе од 100 лица ги испратија младите момчиња во вечното живеалиште. - Милоше не оди, врати ми се....ќе дојдам и јас со тебе, извикувало низ солзи семејството на едно од удавените момчиња, пренесува српскиот Курир.

На мајката на Милош и се слошило од тага, па морал да интервенира и Брзата помош.

- Ми отиде ќерката, сега и синот....извикувала мајката на другото момче, која пред неколку години си  ја загубила и ќерката во страотна сообраќајка.

Мештаните за српските медиуми велат дека за среќа од давење била спасена и една девојка, која ја спасил капач кој се нашол во близина. Се работи за 19-годишната Сандра Јовановиќ која им била најверна другарка на двете момчиња. Таа се спасила, иако за жал за момчињата немало спас.

 

29.07.2014 - 10:04
Фото: 
курир.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега