Заспана баба скокна и го преплаши шоферот - што се се случува во автобусите на ЈСП?

Околу две децении Марјан Србиновски и Јовица Илиевски шоферираат со скопските автобуси. Тие за ВЕЧЕР раскажуваат за сите згоди и незгоди кои се случиле во автобусите на ЈСП.

Велат со новите автобуси како да тргнале на ново работно место, за патниците пак истакнуваат се исти само потребно е многу трпение. Секојдневно иако не се виновни, добиваат критики како "мајсторе, компири ли возиш" и "кај си до сега".  Една ваква случка се случила на колега на Србиновски на линијата 68 кога исклучен од линијата со изгаснати светла, неговиот колега возејќи назад кон гаража за да го остави автобусот му се случило нешто неочекувано.

- До ден-денес колегата има трауми од оваа случка. На линијата 68 која вози кон Коњари, селска линија, последна тура е околу 11 часот. Кога стигнал на последната станица, се симнале патниците, го изгасил светлото во автобусот и тргнал назад кон транспортен центар за да го врати возилото во гаража. Така сам и опуштен без патници, по некое време од темницата одзади некој го фатил за рамо и му свикал "Кај возиш бе ти". Тој се преплашил, рипнал и почнал да вика од страв. Колегата мислел дека е сам, но не бил. Постара жена заспала во возилото и не се симнала на последната станица, а тој не ја забележал. Човекот вели дека до ден-денес, кога е сам во автобусот секогаш проверува два пати одзади него дали има некој, раскажува Србиновски за ВЕЧЕР.

29.07.2014 - 12:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега