Нема докази за трговија со органи на Косово
Главниот обвинител за истрагата за трговијата со човечки органи во Косово во 1999 година, Клинт Вилијамсон, денеска во Брисел изјави дека не се најдени доволно докази оти на киднапирани лица насилно им биле вадени органи.
- Тоа што засега нема докази не значи дека нема да ги има, укажа Вилијамсон и додаде дека станува збор за „дивјачка постапка за која нема оправдување“.
Тој потсети дека во извештајот на швајцарскиот сенатор Дик Марти беше посочено оти станува збор за „неколку“ случаи, а не за стотици, како што се шпекулираше во медиумите.
Вилијамсон изјави дека се најдени докази за систематски злосторства врз националните малцинства во Косово, пред се врз Срби и Роми.
- Делови од командната структура на Ослободителната војска на Косово (ОВК) по завршувањето на судирите во Косово во 1999 година организирале етничко чистење јужно од Ибар, а потоа и елиминација на политичките ривали, изјави Вилијамсон, додавајќи дека не станува збор за индивидуални случаи, туку за организирана кампања во која учествувал врвот на ОВК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа