Маж се удави во езеро

 

Педесет и едногодишен маж се удави во езерото Дивљан во близина на Бела Паланка, Србија. Телото на Славиша Грозданович е испратено на  обдукција за да се утврдат причините за давењето. 

Како што пренесуваат локалните медиуми, Славиша пред два дена со своите другари отишол во неговата викендица. Тие влегле во езерото да се освежат, но Славиша останал малку подолго во водата. По десет минути пријателите се вратиле да го побараат, но него го немало. Тогаш се пуштиле во потрага и го нашле на дното од езерото. Случајот веднаш е пријавен во полиција и обвинителството. 

29.07.2014 - 13:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега