Никаде го нема: Од Зоран Заев ниту трага ниту глас цело лето

Скоро три недели никаде го нема опозицискиот лидер Зоран Заев. Откако на 10 јули за последен пат во се појави во јавноста давајќи изјава за смирување на тензиите за протестите за пресудата во случајот Монструм, од Заев ниту трага ниту глас. Од тогаш до денеска од него нема ниту една изјава пред камери, а дејствувањето на опозицијата се сведува единствено на партиски соопштенија и реакции на изјави и соопштенија на владејчката партија и нејзините функционери. Дали Заев е на одмор и на што се должи оваа медиумска апстиненција од Бихќка не откриваат. Опозицискиот лидер пред неколку дена испрати честитка до муслиманите за Рамазан, но имајќи предвид дека станува збор за писмено соопштение, повеќе од извесно е дека тоа во негово име го сторил центарот за комуникации на неговата партија. Вчера најверојатно на ист начин на неговата Facebook фан страна се најде и честитка до новиот претседател на бугарската Социјалистичка партија. Изјави и активности во домашната политика од Заев нема речи си цело лето.
Наместо его, дејствува неговата заменичка Шеќеринска но ниту таа не се појавува во јавноста.

29.07.2014 - 23:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега