СДСМ се откажува од барањето за техничка Влада и во септември се враќа во Собранието?

Барањето за техничка Влада станува тежок камен на опозициските плеќи. Медиумите под контрола на СДСМ веќе готват терен за тоа, како социјалдемократите најбезболно да се откажат од ова барање и на есен да се вратат во Собранието.
Радио Слободна Европа во анализа објавена денеска, повикувајќи се на опозициски извори пишува дека откстапките што СДСМ ги бара од ВМРО-ДПМНЕ не мора да се именуваат како техничка Влада.
„ Опозициски извори појаснуваат дека отстапките што ги барале од владејачката партија не морале да се именуваат како техничка влада, туку дека за нив било битно да постоеле гаранции оти ќе имало споделена одговорност меѓу власта и опозицијата на наредните избори и да се гарантирало слободно изјаснување на граѓаните, нешто што не било осигурано со досегашните измени на законите. Тие ги негираат гласините дека веќе е извесно оти од септември ќе се врателе во собранието кои се засилија откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека есенва очекувал да се комплетира парламенатрниот состав“ - пишува Радио Слободна Европа.
Од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стојат на својот став дека барањето за техничка Влада е неприфатливо. Спикерот Вељаноски на вчерашниот брифинг со новинарите рече дека до октомври ќе ги чека социјалдемократите да се вратат во Собранието, по што најави дека нивните оставки ќе ги стави пред пратениците.  Вељаноски рече дека очекува неговите колеги од СДСМ на стартот на есента да се вратат во законодавниот дом, а такви најави неофицијално  доаѓаат и од опозицискиот табор, иако во јавноста, ставот на СДСМ е дека нема да попуштат.
Стравот во СДСМ е од можноста поголем број пратеници да се вратат во Собранието во моментот кога нивните оставки ќе дојдат на разгледување во Собранието.
Бојкотот е вистински политички „патент“ на СДСМ. Европската политичка наука не памети партија која повеќе пати го прминеувала во толку краток период.

30.07.2014 - 12:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега