Парното за две години поевтини 21 отсто

 

Намалените цени на парното греење ги натераа граѓаните да размислуваат повторно да се греат на парно. Со последниот предлог на Регулаторната комисија за енергетика за намалување на цената од први август за домаќинствата приклучени на Балкан Енерџи Груп, потрошувачите велат дека секое намалување е добредојдено, пишува Лидер.

„Да ви кажам право, добро е ова, еве јас веќе некое некое време размислував да се откажам од парното, ама со намалувањата, се размислив. Ќе си останам на парно“- вели скопјанец.

„Добредојдено е намалувањето во време кога трошоците на живот растат, ова е добра вест“- вели друг скопјанец за Лидер.

Цената на потрошената топлинска енергија треба да се намали за 4, 69 %. Ова е трето намалување за две години,за корисниците на Балкан Енерџи Груп.Цената на парното во последните две години се намали за вкупно 21% за домаќинствата, а за останатите корисници 34 проценти.

Повеќе на ЛИДЕР.мк.

31.07.2014 - 09:33
Фото: 
економски
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега