Двајца дилери паднаа во рацете на полицијата

Полициската станица од Струга до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривични пријави против 25-годишниот А.С. од струшкото село Велешта и 28-годишниот С.У. од струшката населба Теферич.

МВР денеска соопшти дека на 29-ти овој месец, при преглед на чанта сопственост на второпријавената С.У. пронајдени се вкупно шеснаесет паковки со хероин завиткани во жолта најлонска фолија, а наменети за натамошна продажба на наркозависници од Струга и Охрид. Прегледот е извршен околу 18 часот по претходни оперативни сознанија дека С.У. во близина на хотел во центарот на Струга остварува контакт со наркозависници и врши препродажба на хероин.

С.У. секојдневно остварувала контакт со првопријавениот А.С. од кого редовно добивала по 20 паковки со хероин по што таа телефонски со наркозависници договарала место за продажба и преземање на дрогата. Парите од продажбата потоа му ги предавала на А.С. за што добивала по 1.000 денари независно од бројот на продадените опаковки хероин.

При извршен претрес во домот на А.С., а по наредба на Основниот суд во Струга, пронајдена е една дигитална вага и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. 

31.07.2014 - 13:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега