Индустриските зони плетат успешна приказна за Македонија

 

Вле­зот на стран­ски ка­пи­тал ди­рект­но вли­јае врз по­до­бру­ва­ње­то на еко­ном­ска­та со­стој­ба во це­ла­та зем­ја. Но, ло­ци­ра­ње­то на ком­па­ни­и­те во одре­де­ни ре­ги­о­ни овоз­мо­жу­ва со отво­ра­ње­то на ра­бот­ни­те ме­ста да се по­до­бри жи­вот­ни­от стан­дард на ло­кал­но­то на­се­ле­ние. Со отварањето на технолошко индустриски развојни зони во повеќе градови низ републиката, Владата цели кон за­жи­вување на еко­но­ми­ја­та во це­ла­та зем­ја, пренесува Лидер.

Вчера беше поставен камен темелник на зоната во Радовиш, а веќе во фаза на изградба се индустриските зони во Кичево и Тетово. Во втората половина од месецов се планира со градба да започне ТИРЗ Струга, а во месец септември ТИРЗ Берово и ТИРЗ Виница, велат за Лидер од Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони во Македонија.

Ди­рек­ци­ја­та за тех­но­ло­шко-ин­ду­стри­ски раз­вој­ни зо­ни не вли­јае врз од­лу­ки­те на ком­па­ни­и­те ка­де ќе се ло­ци­ра­ат. Нив­ни­от из­бор за­ви­си од мно­гу фа­кто­ри. Како на пример, со­од­вет­на ло­ка­ци­ја ко­ја ќе ги за­до­во­ли си­те неј­зи­ни ба­ра­ња од ас­пект на ин­фра­стру­кту­ра, рас­по­лож­ли­вост на ква­ли­фи­ку­ва­на ра­бот­на си­ла со прет­ход­но искус­тво во деј­но­ста, струч­но обра­зо­ва­ние и до­вол­на број­ка на ли­ца со со­од­вет­но обра­зо­ва­ние. Дополнителен фактор е мож­но­ста за со­ра­бо­тка со обра­зов­ни ин­сти­ту­ции во ре­ги­о­нот, ка­ко што е, на при­мер, со­ра­бо­тка­та на „Џон­сон кон­тролс“ со Ма­шин­ски фа­кул­тет – Скоп­је во прис­по­со­бу­ва­ње на на­став­на­та про­гра­ма за еду­ци­ра­ње ка­дар спо­ред по­тре­би­те на ин­ве­сти­то­рот, и дру­ги.

„Зо­ни­те се­ко­гаш се пла­ни­ра­ат и раз­ви­ва­ат во со­ра­бо­тка со еди­ни­ци­те на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва, ме­ѓу дру­го­то и за­ра­ди из­град­ба­та и раз­во­јот на ква­ли­тет­на ин­фра­стру­кту­ра. Раз­во­јот на та­ква ин­фра­стру­кту­ра не­ма да е са­мо за стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри, ту­ку ќе има вли­ја­ние врз це­ли­от ре­ги­он“, додаваат од Дирекцијата.

Повеќе на ЛИДЕР.

02.08.2014 - 10:35
Фото: 
MIA
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега