Повик до банките и фирмите за отпис на долговите

 

Министерството за финансии го објави јавниот повик за фирмите кои се јавуваат како доверители за отпис на долговите на граѓаните од социјално ранливите категории.

Во рок од пет работни дена, односно до 11 –ти овој месец тие треба да поднесат изјава до Министерството за финансии за склучување договор за еднократен отпис на долговите.

„СЕ Повикуваат банките, правните лица кои вршат дистрибуција и снабдување со електрична енергија и оние кои вршат дистрибуција и снабдување со топлинска енегрија, нотарите и извршителите пред кои е поднесено барање за присилна наплата, до министерството за финансии да достават изјава за интерес за склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски за еднократно отпишување на долговите на граѓаните и изјава дека се согласуваат да се откажат од побарувањата поврзани со главниот долг кои настанале по 31.12.2013 година, изјавите се доставуваат заклучно со 11 август 2014 година, до писарницата на министерството за финансии“, стои во јавниот повик од Министерството за финанасии.
02.08.2014 - 13:04
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега