Кејот на Вардар како Париз покрај Сена

 

Главниот град последниве години, станува лидер по изградбата или отворањето хотелско- угостителски објекти во државава, а зголемениот број на туристи и Македонија како бизнис-дестинација исто така ја налага потребата од различно категоризирани хотели. Плоштадот „Македонија“, центарот на градот, локацијата зад „Рамстор“, во Аеродром наспроти трговскиот центар „Бисер“ и околу мостот „Близнак“, неколкуте парцели под Кале, делови на Водно и Карпош, се десетината веќе купени локации со намена за изградба на хотели, пишува Лидер.

Од вчера, во низата ќе се придружи уште една локација наменета за изградба на хотел, а тоа е кејот на реката Вардар. Станува збор за две градежни парцели, наменети за изградба на хотелски комплекси кои се со површини од 2.350 и 374.2 м2 чија почетна цена на електронското јавно наддавање ќе изнесува едно евро за метар квадратен и една градежна парцела, наменета за изградба на деловни простории која е со површина од 2.447 м2 и почетна цена на јавното наддавање од 6.000 денари од метар квадратен.

Хотелиерскиот бизнис стана особено атрактивен во земјава откако Владата реши државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за метар квадратен. Познавачите на состојбите пак, коментират дека тоа е така бидејќи пазарот и побарувачката ги диктираат тие тенденции.

Целиот текст прочитајте го на Лидер.

04.08.2014 - 09:24
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега