„Алкалоид“ ја продолжува серијата инвестиции во Европската Унија
„Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Словенија, под името „АЛКA-ЛАБ“, со седиште во Љубљана. Станува збор за воведување сопствена хемиска лабораторија за тестирање на производи на територијата на Европската Унија, со цел пуштање во промет серија лек, инвестиција вредна околу 600.000 евра. Новоформираното друштво е во 100% сопственост на „Алкалоид АД“ Скопје.
Зајакнување на позициите на пазарите на ЕУ како и постигнување што поголемо пазарно учество, се главните цели од кои произлегува овој потфат.
Со континуираните вложувања во и надвор од границите на Македонија, „Алкалоид“ ги продолжува активностите за зацврстување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа